Бенсон е поранешен бездомник, спасен од улица, кој сега на Инстаграм-профилот, со своите неодоливи комбинации облека, има над 216.000 следачи.

Се работи за мачор кој само пред неколку месеци стана светски познат. Неговата „животна приказна“ говори дека сопствениците го пронашле животинчето пред пет години додека лутало по улиците на Дубаи. Се работело за напуштено милениче, а сегашните сопственици го посвоиле и го однеле дома во Америка.

Бенсон бил мирно маче, па луѓето забележале дека секојпат кога камерата е вперена кон него, тој седи како да позира. Така настанале првите фотографии на мачето со очила, кои воопшто не му пречеле…

Потоа следеа и слики со облека за мачки.

– По некое време станавме малку посмели со облеката, па дури и капчиња. Имаше целосен изглед, освен чевли. Апсолутно мрази секаков вид чорапи и чевли, открива сопственикот на мачорот.

Сепак, се чини, Бенсон засега е најпрепознатлив по очилата за Сонце.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2021 03:24