Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на управител и сопственик на правен субјект за градежништво, проектирање и трговија од Скопје, во периодот од 01.01.2016 година до 31.12.2016 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист, набавената трговска стока (лед ламби, керамички плочки, теписони, хидроизолационен материјал, лавабоа, вц шољи, делови за лифтови, огледала, потопни пумпи, котли за централно греење и сл.), евидентирана на залиха во вредност од 9.971.080,00 денари, неосновано ја присвоило и не ја евидентирало во сметководствената евиденција како кусок, при што не пресметало, не пријавило и не уплатило Данок на додадена вредност по даночна стапка од 18%, во износ од 1.794.794,00 денари и Данок на добивка по даночна стапка од 10%, во износ од 997.108,00 денари, а за застарените обврски кон добавувачи постари од три години во износ од 19.441.227,00 денари, кои не се прикажани како Приходи во Билансот на успех и Даночниот Биланс на правниот субјект, не пресметало, не пријавило и не уплатило Данок на добивка по даночна стапка од 10% во износ од 1.944.123,00 денари.

Со намера да ги прикрие инкриминираните активности не изготвило и не поднело Завршни сметки за 2016, 2017, 2018, 2019 и 2020 година до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар на Република Македонија, со што не пресметало, не пријавило обврска за данок и не уплатило даноци по разни основи во вкупен износ од 4.736.025,00 денари, за кој износ го оштетило Буџетот на Република Северна Македонија.

Управа за финансиска полиција



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2021 04:54