СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.Т.(43) и против правно лице – угостителски објект од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.
Пријавениот, како сопственик и управител на угостителскиот објект, во секојдневното работење во угостителскиот објект водел двојна евиденција за дневниот промет од угостителски услуги, каде во компјутерот ангажираните работници издавале околу 20 проценти фискални сметки од дневниот промет, додека за останатите 80 отсто издавале обични талони, на кои било само наведено што е издадено.