Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 128 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, 11 за возење без возачка дозвола, три за некористење сигурносен појас, четири за користење мобилен телефон, шест за нерегистрирани и технички неисправни возила, 4 за прекршоци што ги чинат возачите на велосипеди и моторцикли, 42 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/08/2021 16:51