СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Х.(32) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама’’. На 28.05.2021, Р.Х.(42) од с.Доброште, тетовско, со привремена работа надвор од Република Македонија, преку социјалните мрежи се договорил со пријавениот, сопственик на браварска фирма, за сума од 1600 евра да му изработи и монтира стаклена ограда за скалите во куќата, по што братот на Р.Х. му дал капар на А.Х..
До 30.06.2021, пријавениот не се јавувал на телефон, не ја завршил работата, ниту пак му ги вратил парите кои му биле дадени како капар.