Зошто ние сме изземени од мерката „зелена нафта“ прашуваат тутунопроизводителите кои деновиве се соочија со нов удар.
- Вистинската причина навистина не знаеме која е, дали се калкулира, дали се обесштетуваат со зелена нафта само поситни категории на земјоделци, меѓутоа и тутунарите и сточарите како земјоделци, своите ниви ги обработуваат и користат нафта во обработката на своите површини.Така што не гледам причина зошто тие би биле изземени од оваа мерка ?!“ – вели за Алфа, Игор Мирчески, координатор на новоформираните тутунски здруженија.
Во нив „врие“ и заради се уште неисплатениот петти пакет мерки, заради чие изгласување, пратеници на власта со сканфандери доаѓаа во Собрание. Бараат итна исплата, најдоцна во првата половина на септември, во спротивно ќе ги активираат протестите.
- Ситуацијата со Петтиот Ковид-пакет е алармантна. Изгласан е пред четири месеци, знаете на каков начин во Собранието, и тогаш Владата тврдеше дека сите пречки се отстранети за негова исплата. Што се случува после 4 месеци и зошто овој Ковид-пакет не е се уште исплатен?! Веќе се јавува сомнеж кај тутунарите дека тој ќе се користи како предизборен поткуп, – посочува Мирчески.