Летото полека завршува, па познавачите и стручните портали предлагаат начини како мирисот на лето да трае подолго… Следат пет летни парфеми кои беа хит изминативе месеци.

„Toni Gard – Sеа Side Women“

Овој разигран женски мирис потсетува на морскиот воздух на плажа. Предизвикува сеќавање и спомени за бескрајното пространство на морето и желбата за далечните места зад хоризонтот. Овој мирис е за жени кои сакаат свежи и елегантни мирисни композиции.

„Abercrombie & Fitch – First Instinct Sheer“

Цветен мирис за жени. Во 2019 година, тој беше создаден од Жан-Марк Шајлан и Селин Барел. Парфем за самоуверени и смели жени кои сакаат да се чувствуваат посебно секој ден.

„Salvador Dali – Sеа & Sun in Cadaques“

Инспирација за создавање на овој мирис бил градот Кадакс – омилено место на Салвадор Дали, уметникот кој ги минувал празниците таму во младоста.

„Clean – Cool Cotton“

Тука цитрусните ноти се она што го прави овој мирис идеален за топлите денови, кога сакаме да внесеме мирис на летото во нашата секојдневна работа.

„Hollister – Festival Vibes For Her“

Горните ноти тука се пенлив италијански бергамот, свежа дуња и бобинки. Срцевината се ноти на розов божур, нежен османтус, орхидеја ванилија и корален хибискус, а на самиот крај, се чувствува мирис на нежен кашмир и мек мошус. Од утро до вечер ви носи самодоверба и ви отвора многу можности.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2021 03:59