Општинска организација на Црвен крст од Центар во соработка со Институтот за трансфузиска медицина денеска, по 19-ти пат, организира крводарителска акција по повод верскиот празник Успение на Пресвета Богородица.

Крводарителската акција ќе се одржи во Домот на Армијата на Република Северна Македонија, од 09:00 до 17:00 часот.

-Целта на акцијата е да се обезбедат поголеми количини на крв во летниот период, заради можностите од недостаток на крв и крвни деривати.Оваа акција, веќе 18 години покажува резултати на голема хуманост на граѓаните на град Скопје. Започнувајќи со 146 во 2003-та година, денес по 18 реализирани акции се зборува за вкупна бројка од 4041 единици крв, или во просек 225 крводарители по акција, велат организаторите.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2021 14:36