Во текот на вчерашниот ден (27.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 486 возачи. Од нив, 73 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 12 возилa се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 244 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 242 надвор од населено место.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/08/2021 17:41