На 28.08.2021 околу 17.45 часот на подрачје на Чаир од полициски службеници од СВР Скопје се лишени од слобода Р.И.(39) и М.И.(47) двајцата од Скопје, поради постоење основано сомнение за кривично дело „предизвикување општа опасност“ казниво по чл. 288 од Кривичен законик и кривично дело „недозволено изработување држење и тргување со оружје и распрснувачки материјали“ казниво по чл.396 од Кривичен законик, при што е одземен пиштол, две рамки и седум куршуми калибар 9мм.

Претходно Р.И. бил забележан како пука од огнено оружје во воздух. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/08/2021 16:06