Во текот на вчерашниот ден (29.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 652 возачи.

Од нив, 61 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 22 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 312 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 340 надвор од населено место.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/08/2021 10:36