Поради дефект во шахта Ф-1 на улица „Хелсинки" бр.5 во населба Тафталиџе, утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Хелсинки", „Ташкенска", „Мексичка", „Хаванска" и „Варшавска".
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација" водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот, се до санирање на дефектот.