Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (30.08.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 130 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 20 за возење без возачка дозвола, 4 за управување под дејство на алкохол, шест за користење мобилен телефон, две за минување на црвено светло, 14 за нерегистрирани и технички неисправни возила и 47 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2021 11:53