Народната банка попладнево соопшти дека во вториот квартал од годинава кај трансакциите со нерезиденти остварени се нето приливи од 69,1 милиони евра.

Позначајни нето приливи се остварени кај директните инвестиции и заемите. Девизните резерви бележат зголемување за 94,5 милиони евра.

Во овој период, во тековните трансакции со нерезиденти е остварен дефицит од 120 милиони евра, или за 28,2 милиони евра повеќе во однос на истиот период минатата година. Во однос на одделните компоненти, зголемен е суфицитот кај секундарниот доход и кај размената на услуги, додека дефицитот кај стоковната размена и примарниот доход забележа проширување.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/08/2021 22:54