Вчера (31.08.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 302 возачи.

Од нив, 33 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа,119 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 183 надвор од населено место. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2021 13:02