Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против скопјанец на возраст од 35 години, заради основано сомнение дека сторил кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што информира ОЈО, вчера при претрес во домот на осомничениот било пронајдено огнено оружје кое тој неовластено го држел и тоа автоматска пушка калибар 7,62 х 39 мм „Калашников АК 47“, две рамки од автоматска пушка и 41 куршум боева муниција со калибар 7,62 х 39 мм.

Поради постоење на опасност од бегство и околности кои го оправдуваат стравот дека осомничениот би можел да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2021 15:12