Започна новата учебна година за сите ученици од основните училишта од општина Кисела Вода. Со физичко присуство, но и со запазување на пропишаните здравствени протоколи, 5.385 основци го одржаа првиот училишен час. Меѓу нив и видно возбудени 648 првачиња, кои за првпат седнаа во училишните клупи.

Градоначалникот Филип Темелковски, кој посети дел од училиштата на првиот ден од новата учебна година, им посака успешна учебна година и им посака во радост и среќа да ги минуваат училишните денови, потенцирајќи дека освен стекнатото образование еднакво важни се и спомените и другарствата од училишните клупи и дека тие се вредност што останува за цел живот.

– Ги поздравуваме и им посакуваме успех и среќа и безгрижни денови на училиште на сите ученици и нивните семејства. За наставниците знаеме дека ќе бидат на висина на задачата и ќе создадат уште една генерација успешни младинци со кои ќе се гордееме. Почитувајте се, помагајте си, внимавајте еден на друг. Понекогаш полесно се учи во група и во тим. Овие тимови создадени на училиште остануваат до крај на животот. Научете што да очекувате од другите и да го давате својот максимум. Тоа е тајната на успехот – наведе градоначалникот на општина Кисела Вода, Филип Темелковски.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/09/2021 16:38