Вчера во СВР Битола, А.Ј од село Нижеполе, битолско, пријавил дека во близина на стара куќа во село Нижеполе пронашол бомба.
Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување излегол на местото и било констатирано дека се работи за четири рачни бомби од Втората светска војна кои биле безбедно подигнати.