Вчера во ОВР Кавадарци, кавадарчанката Д.Ј.(68) пријавила дека околу 04.00 часот, едно лице со употреба на сила влегло во нејзиниот дом, физички ја нападнало и ѝ го одзело накитот што го носела на себе.

За ова денеска информираше Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Бил извршен увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2021 01:33