Панел дискусијата „Испорачување на дигитални услуги креирани за граѓаните“, организирана од Фондација за слободата „Фридрих Науман“, Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис и Институтот за општествени и хуманистички науки – Скопје (ИССХС), ќе се одржи денеска во скопскиот хотел „Александар Палас“.

На настанот најавено е присуство на министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

На почетокот на дискусијата ќе бидат презентирани два истражувачки трудови: „Анализа на е-услуги во општините во Република Северна Македонија“ и „Дигитализацијата како пат на вистинска администрација ориентирана кон граѓаните: децентрализација на процесите како средства за забрзана и ефективна реформа“.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2021 10:59