Под слоганот „Ајде да менуваме животи“, СОС Детско село започна со нова кампања и активности на терен. Целта е приближување на хуманитарната работа до граѓаните. Тим составен од СОС амбасадори на повеќе локации низ Скопје ќе ги информира граѓаните на кој начин можат да им помогнат на децата без родителска грижа.

– СОС Детско село веќе 20 години дава поддршка на децата и младите без родителска грижа и тоа се одвива секој ден, месец, година и така 365 дена во годината. Посветеноста и поддршката на децата и младите без родители и родителска грижа не може да застане, да прекине. Затоа поддршката од секој индивидуалец кој верува во нашата кауза е од огромно значење за континуитетот и одржливоста на нашата работаи – велат оттаму.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/09/2021 14:16