На кејот на реката Вардар во Општина Карпош попладнево беше отворен Адреналинскиот парк, финансиран од ЕУ и локалната самоуправа. Овој Спортско рекреативен парк е прв од ваков вид во главниот град.

Зоната е на површина од 10.000 метри квадратни има адреналински дел, игралиште за фудбал и одбојка на песок со трибини, реконструиран скејт парк, сквер, детско игралиште, а поставена е и соодветна урбана опрема. Во склоп на паркот и неговата околина засадени се нови 80 високоизраснати дрвја, нова тревна површина, а поставен е и систем за неговор наводнување и одржување.

На отворањето на Адреналинскиот парк, единствен во градот Скопје, присуствуваа премиерот Зоран Заев, заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и градоначалниците на главниот град Петре Шилегов и на Карпош Стефан Богоев.

Адреналинскиот парк е изграден со грант од ЕУ преку Светска банка во рамки на проектот за „Локална и регионална конкуретност, а финансиско учество има и Општината Карпош.

Премиерот Зоран Заев изрази, како што кажа, воодушевување од овој Спортско – адреналискиот парк. За Адреналинскиот парк, кажа дека, станува збор за модерна атракција која може да конкурира на вакците паркови во другите земји.

-Овој современ простор ќе даде одлична можност за релаксирање на љубителите на авантуризмот и адреналинските спортски доживување, рече Заев посочувајќи дека ќе можат да го користат не само Скопјани туку и граѓани од целата земјата и туристи.

Владата, како што рече премиерот, останува на определбата за поддршка на локалната самоуправа и да поддржува политики кои се однесуваат на создавање подобри услови на граѓаните.

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи информираше дека Андреланскиот парк е реализиран во рамки на проектот за „Локална и регионална конкуретност“ кој е во вкупна вредност од 21 милиони евра, а е поддржан од Делегацијата на ЕУ и Владата на РСМ. Ова е еден од 57-те подпроекти што се одвиваа изминатите години во десет туристички дестинации низ државата, а со кои директно се влијае на атрактивноста на нашата држава како туристичка дестинација и за домашните и за странските туристи.

-За реализација на овој потпроект беше одобрен буџет од 907 илјади евра, од кои прекку проектот се обезбедени 85 отсто од средствата или 770 илјади евра, додека Општина Карпош партиципира со околу 140.000 евра, истакна Битиќи.

Првиот човек на градот Петре Шилегов, изрази задоволство што главниот град добива вакво место кое ќе биде не само за Скопјани, туку и за туристите што ќе го посетат.

-Продолжуваме посветено да работиме на унапредување на животната средина на нашите сограѓани и што ќе значи истовремено и повеќе зеленило и повеќе содржини за спорт и рекреакција што се неоподни услови за водењето на здрав живот во вакци услови, рече Шилегов.

Градоначалникот на Општина Карпош Богоев информираше дека за Адреналинскиот парк задолжен е субјектот Адвенчр сајд и нивните претставници се дел од Спортско – качувачката федерација, а поминаа и посебна обука со цел правилно функционирање и поголема безбедност за сите посетители на Адреналинскиот парк. За другите делови од паркот, како одбојкарското и фудбалското игралиште ќе бидат задолжени од општинското оделение за спорт.

-Сите заинтересирани граѓани ќе можат да закажуваат термини преку мејл и телефон што дополнително ќе бидат објавени. Реализацијата на овој проект е потврда за нашата заложба за зелен Карпош, рече Богоев.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2021 00:57