Силно сме посветени на завршувањена автопатот, уверуваме дека државата ќе ги исполни сите обврскиод договорот. Очекувам час поскоро Собранито да го изгласа Анекс на договорот за да се овозможи силна градежна активност на автопатот, изјави министерот Благој Бочварски при денешната посета на општина Охрид.

Тој потенцира дека со Анекс на договорот не се предивдени дополнителни финансиски средства, додека изведувачот има обврска со конкретни рокови да ги заврши петте делници од автопатот, односно да биде целосно завршен до декември 2023 година, вели Бочварски.

Пред неколку дена пак, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски на својот фејсбук профил објави слика од мостот кој е дел од автопатот Охрид-Кичево и потсети дека состојбата на мостот и на автопатот во целост е иста како и пред 4 години.

- Ова ТРЕБА да е МОСТ дел од автопатот Охрид - Кичево, 4 години застаната е работата и за малку не е завршен.

Каде што застана работата во 2017 кога Заев формира Влада таму е и денес.

Прашањето не е само кога ќе се заврши автопатот зашто јасно е дека ќе заврши кога ќе си оди неспособниот Заев од власт,прашањето е и во каква состојба ќе е овој мост и дали ќе биде безбеден зашто 4 години не е одржуван и стои на забот на времето.

Локалните избори се првиот и најзначаен чекор за рушење на најнеспособната и најкриминална Влада во историјата на Македонија! Вие сте на потег, излезете и гласајте против власта на Заев на 17ти октомври!, истакна Николоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/09/2021 15:52