Угостителите го вперија прстот директно во владата како едниствено одговорна што нивните извори на егзистенција ќе секнат, а тие ќе пропаднат. Во ковид кризата и економскиот удар, повеќе пати молеа за помош, олабавувања на мерките, за спас...

И премиерот, и вицеоремиерот, и министерите, и сите не треба само да ветуваат, треба итно да не поканат да се видиме, и да се договориме што понатаму. Ова вака не може. Не можеме да издржиме, ова е многу лошо за многу сектори, меѓу кои и угостителскиот сектор. Ако Владата итно не седне на маса со нас и сериозно не ни помогне, свесно не остава да пропаднеме, алармираат од туристичко-угостителската индустрија која се соочува со сериозни загуби, вели за Алфа, Здравко Јосифовски од Независна угостителска комора на Македонија.

И стопанството, во поширока смисла не е задоволно од помошта, па бараат уште еден пакет мерки. Министерот Битиќи веќе јасно кажа дека нова помош нема да се случи.

Треба да се има во предвид дека мерките за поддршка треба да продолжат и потоа и да бидат трансформирани во мерки кои ќе поттикнат економски забрзан раст и развој. Сојузот веќе прибира податоци од своите членки за актуелните потреби, кои ќе бидат дел во ново барање за поддршка, велат од Сојузот на стопански комори.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/09/2021 01:29