Вчера (03.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 271 возачи.
Од нив, 28 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.
Притоа,132 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 139 надвор од населено место. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.