Едно лице го загубило животот, а уште неколку се повредени во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Сообраќајот е во прекин поради увид.
Според информациите на СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила денеска околу 15 часот и 30 минути.
Во СВР Тетово е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на Новоселските гробишта, се случила сообраќајна несреќа. Во неа учествувале три моторни возила: џип „мерцедес”, патничко возило „бмв” и камионет.
Од повредите здобиени при сударот едно лице од камионетот починало на местото на несреќата, а седум лица се пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад ” за укажување на лекарска помош.
Засега нема информации како дошло до несреќата и што ја предизвикало.
Медиумите пак информираа дека учесник во сообраќајната несреќа бил и Зоран Милески Кичеец за кого јавноста знае дека е во затвор поради случајот „Рекет“.