Незадоволни лозари денеска излегоа на протест во Неготино. На протестот беше кажано дека револтот е поради ниските откупни цени на грозјето и игнорантскиот однос на винарии, кои со понудените цени ги демотивираат лозарите.

- Ние лозарите бараме само да ни се вреднува вложениот труд и да знаеме предвремено дали да вложуваме во лозарството или да го напуштиме. Ако останат ланските цени, се гледа крајот на лозарството во нашиот крај.

Да ги задржиме младите лозари од иселување, беше пораката упатена од протестот на лозарите во Неготино.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/09/2021 03:14