Финансирање на закрепнувањето на економија од КОВИД и поддршка за забрзан одржлив раст со паралелно одржување фискална стабилност преку мобилизирање капитал од приватниот сектор како дополнување на буџетските средства и задолжувањата, е целта на Планот за здравување и финансирање на забрзан раст кој е веќе подготвен, а го најавија денеска премиерот Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими.
Како што рече Заев во обраќањето со кое и официјалкно ја отвори Првата годишна конференција „Економско заздравување и раст по КОВИД 19“, Планот ги содржи мултипликативните ефекти кои ќе ги дадат инвестициите прикажани по финансиски инструменти, изворите на финансирање, инвестициските области и конкретни започнати и планирани проекти.
-Планот дефинира Патоказ/Акциски план за имплементирање на активностите, заокружување и забрзување на почнатите и временски приказ за старт на идните проекти. Покрај тоа, дефинира прецизно поставена владина структура на единици и поделба на ингеренции кои ќе водат до успешна имплементација. Прв пат велиме да воспоставиме Delivery Unit, Monitoring Unit и PIMA преку кои ќе имаме навремен целосен увид за одредени приоритети, реализација, слабости, пречки и најургентни задачи. Јас искрено верувам дека ова е начинот да ги совладаме институционалните слабости и да ги зајакнеме нашите капацитети, рече Заев.
Планот за здравување и финансирање забрзан раст е комплементарен документ од Интервентниот план за инвестиции 2021-2027.
-Владиниот економски тим континуирано и посветено работи на подготовка на планови за идниот среднорочен развој на државата. Во таа смисла, Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 ги опфаќа сите инвестиции кои се планира да почнат во земјава, вклучувајќи ги и приватните инвестиции на домашни и странски инвеститори. Тоа е стратешки документ со дефинирани елементи: вредност на инвестиции, клучни инвестициски области, инвестициски пристап,… Како комплементарен план на Интервентниот план за инвестиции 2021-2027, е подготвен и Планот за здравување и финансирање на забрзан раст, објасни Заев.
Во тек е првиот панел, по кој следуваат уште два. Три панела ќе се одржат и утре.