Вчера (5 септември) од 13 до 19 часот, на поширокото гостиварско подрачје спроведена е акциска контрола за престигнување, во рамките на која вкупно биле откриени 16 прекршоци.
Сите прекршоци се санкционирани со адекватни поднесоци и со заштитна мерка, односно со времена забрана за управување.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.