На 06.09.2021 околу 17.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го привеле З.Ј.(41) од с.Миравци, гевгелиско, кој се барал со меѓународна потерница по судска наредба за издржување казна затвор од седум години за сторено кривично дело по член 237 став 4 во врска со член 1 од Кривичниот законик.

Тој бил спроведен во казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/09/2021 12:50