Производителите на ориз од кочанскиот регион вчера се заканија дека ако не им се даде загарантирана цена за откуп излегуваат на масовни протести. Но зошто никој не ги слушна? Иако ги известиле сите медиуми и власта, важниот апел како да беше загушен. Сепак пред камерата на Алфа му дадоа ултимативен рок на министерот за земјоделие од седум дена, а за загарнтираната цена бараат да биде од 25 до 50 денари.
-Ние се уште немаме формирано откупна цена и не знаеме со што ќе се соочиме. За 40% се качени репроматрејалите. Еден апел до сите земјоделци: да се организираме масовно и да и кажеме на владата дека ние не сме овци само да гласаме и да се збогатуваат на име на земјоделецот, вели Здравко Арсов од иницијативниот одбор за спас на оризопроизводството.
Ги загрижува фактот што 40 проценти од ланската реколта е непрподадена. Ниските цени и огромните давачки за ѓубре ќе ги принудат да ги намалат површините посеани под ориз.. -Ќе треба да се откажуваме од оваа култура. Другите села кои имат подруга земја можат да се засеат со други култури, но ние немаме друг избор-вели Илчо Зашов од с. Спанчево.
-Една вреќа арпа исто како една вреќа ѓубре. Ѓубрето 25кг кг., а оризот 45кг. А иста цена. Кажете ми дали може така?-прашува Здравко Донев од с. Спанчево.
Не само оризопроизводителите, веќе на дела револтот го покажаа и лозарите. Во неделата на протест го кренаа гласот преку протест во Неготино поради ниските откупни цени на грозјето и одложувањето на откупот на најзастапената сорта „вранец“. Сега и тие му „висат на врат“ на министерот, кој треба и мора да ги слушне и да најде солуција