Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.09.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 134 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, 11 за возење без возачка дозвола, 10 за користење мобилен телефон, 51 за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат.