Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, денеска (8 септември) ја лишиле од слобода 28-годишната М.И.од гостиварски Вруток, поради сомнение за нејзина инволвираност во тешката кражба која била извршена на Меѓуградската автобуска станица во Гостивср, 6/7 септември, во периодот од 20 до 6 часот, кога според пријавеното биле одземени пари, мобилен телефон и клучеви од два автобуса.
М.И.била задржана во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде изготвен соодветен поднесок по член 236 од Кривичниот законик.