По добиени оперативни сознанија од страна на полициски службеници од СВР Штип на 08.09.2021 лишени се од слобода М.А.(33) од Штип и П.И.(25) од с.Црвулево, општина Карбинци, поради постоење основи на сомнение дека сториле 11 кривични дела „тешка кражба“ од куќи на подрачјето на Штип и с.Црвулево, од каде одзеле разни предмети.

Дел од предметите кои се предмет на кривичните дела се пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани.

По комплетирање на случаите против М.А. и П.И. ќе бидат поднесени соодветни пријави до Основното јавно обвинителство.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/09/2021 12:56