На 06.09.2021 во 16.30 часот на подрачје на Аеродром од полициски службеници од СВР Скопје е лишен од слобода малолетник поради постоење основано сомнение дека сторил три кривични дела „кражба“ казниви по член 235 од Кривичен законик.
Со малолетникот е извршен разговор во присуство на родител, а пронајдените предмети се одземени. За настанот е известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.