На 08.09.2021 полициски службеници од Полициската станица Драчево го лишиле од слобода Г.Д.(34) од Скопје поради сомнение дека на 07.09.2021 на автобуска станица во с.Орешани, скопско, одзел мопед сопственост на В.Б.(47) од с.Таор, скопско.

Во разговор со полициски службеници тој го признал делото, а мопедот бил вратен на сопственикот. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/09/2021 00:37