Тешка сообраќајна несреќа се случи вечерва на мини обиколницата близу Штип, кај новиот мост на реката Брегалница, во која тешко е повреден еден маж.
Командирот на смена во Територијалната противпожарна единица, Тони Ѓорѓиев за МИА изјави дека несреќата се случила во 20.45 часот и биле повикани од страна на полицијата да интервенираат во извлекување на повредениот возач. На терен излегле четворица пожарникари со едно возило.
Повредениот со возило на Брзата помош е пренесен во Клиничка болница Штип.
Според првичните информации, во несреќата учествувале две возила, а истражните органи треба да утврдат кои се причините за директниот судар меѓу нив. Во тек е увидот на местото на несреќата од истражните органи.