Незадоволни од откупната цена на грозјето, лозарите од Кавадарци и околината, по неуспешнте преговори со компанијата го истурија родот пред капијата на Тиквеш.

На 19-ти август Здружението „Напредни лозари” соопшти дека ги замрзнува своите активности. Неговата последна препорака, упатена до производителите, е дека годинава, посебно поради сушата, ниту еден грозд смедеревка не смее да биде откупен под 20 денари, вранец под 25 денари, а асталско и високосортно грозје под 30 денари.

Инаку, во текот на претходната година беше извршен откупот на грозје по историски најниски цени со срамни 2 до 3 денари по килограм грозје беа дадени од страна на винариите.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2021 03:12