Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 17:20 часот на подрачје на Бит пазар го лишиле од слобода Б.А.(27) од Скопје.

Откако сопреле патничко моторно возило „ауди А7“ со скопски регистарски ознаки, пријавениот излегол од возилото и се дал во бегство, но бил фатен и при преглед кај него е пронајден пиштол „ЦЗ 9мм“, две рамки со по седум куршуми кал.9мм без дозвола за поседување, мобилен телефон и други предмети. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава



Автор: Администратор
Објавено на: 12/09/2021 03:12