Во текот на вчерашниот ден (12.09.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Македонија, при што санкционирани се 155 возачи. Од нив, 64 на територијата на СВР Тетово, а 23 непрописно престигнувале на територијата на СВР Охрид.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.