Честите протести и демонстрации на „Железници Транспорт“, односно на вработените, доволно зборува за очајната состојба во која се наоѓа оваа институција. Ова е едно од претпријатијата кои постојано се на листата на должници, а до овој момент, доспеаниот, а неплатен долг изнесува 60,5 милиони евра.
-За жал, железничкиот сообраќај ни е во очајна состојба. Празни возови, недостаток на вагони, малку локомотиви, катастрофално лоши пруги, далеку од оние по кои возат модерните и брзи возови. Иако најбезбеден и најевтин, железничкиот сообраќај кај нас е пред распад. Од празната политичка пропаганда која во изминатите години побуди надеж дека конечно ќе се олесни патувањето преку модерни возови, остана само суровата реалност – лоша железничка инфраструктура, укинување на веќе постоечките линии и отсуство на инвестиции за нормално функционирање на овој сообраќај, вели за Алфа, бизнисменот Горан Рафајловски.
Според него на штета на државата е оставањето на започнати проекти од претходната власт, таа која ја наследува да ги заборава и игнорира.
-Веќе немам зборови со кои можам да ја опишам актуелната власт, која буквално немам никаков сенс за бизнис, за економија. Веќе ми е срам да кажам, историски почнатата и најавувана пруга кон Бугарија, до никаде не е, колку пати почна, ЕУ даде пари, грантови, и се тоа се потроши, и останавме без ништо. Претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ почна да гради, и тоа се така остана, сегашнава на СДСМ ништо не доврши, иако се беше некако започнато. Стварно немам зборови со кои можам да ја опишам, за жал катастрофалната инфраструктура во Македонија, кај железничка, кај патна итн. Колку патишта се почнати и така закочени, додава Рафајловски.