Дирекцијата за технолошко индустриски и развојни зони денеска ќе ги презентира ефектите од економските активности во зоните и примената на новиот концепт на ТИРЗ.

На прес-конференцијата на која ќе се обрати директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски, ќе бидат презентирани деталите од компаративната анализа за економските активности во ТИРЗ од почетокот на годинава досега, реализираните и планираните странски инвестиции, како и преземените активности и иницијативи за поттикнување на инвестициите.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2021 10:39