Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 34-годишен скопјанец за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи според член 396 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

– Обвинетиот 34-годишник, на 31 август, во домот во кој престојувал на улицата „Александар Бујунов“ во Скопје држел автоматско оружје – пушка Калашников АК-47, како и две рамки со 41 куршум од калибар 7,62Х39 мм. Станува збор за оружје кое на граѓаните им е забрането, а било пронајдено при претрес во домот на обвинетиот, се вели во соопштението од ОЈО.

Јавниот обвинител, информираат од ОЈО, до Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.​



Автор: Администратор
Објавено на: 14/09/2021 15:58