Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусам, ја завршува кампањата за гласањето дали да ја напушти функцијата, или негов отповик, кое се оддржува денеска.

Ова гласање е најважната изборна процедура во САД по доаѓањето на Џо Бајден на власт, а резулатот ќе стане сигнал за тоа кон каде ќе се движи земјата на политички план. Калифорнија е најголемата сојузна држава во САД со речиси 40 милиони жители.

Гласањето дали гувернерот на Калифорнија треба да ја напушти функцијата не е како обичните избори. Избирачите треба да одговорат на прашање дали тие поддржуваат отстранување на должносно лице, во овој случај Њусам, а потоа на второто ливче треба да одговорат на прашањето: „кој треба да го замени?"

Необичната процедура претходно носеше необични резултати. На тој начин во 2003 година гувернер стана холивудскиот актер Арнолд Шварценегер.

Главниот повод за отповикување на Њусам е неговата политика во однос на имиграцијата, криминалот и даноците. Но кампањата за референдумат се засили откако тој воведе мерки за борба со пандемијата, со повик до жителите на Калифорнија да се изолираат дома, додека самиот тој беше фатен во неисполнување на препораките што самиот ги објави, кога вечераше во еден од најскапите ресторани во земјата.

Републиканците се надеваат дека отповикувањето е реферндум за горливите проблеми на Калифорнија како криминалот, енергетиката, раширеното бездомништво и високите цени на недвижностите. Сепак новиот „делта" сој на коронавирусот го истакна на прво место проблемот со коронавирусот како најакутен за заедниците.

Њусам вчера беше поддржан од претседателот Бајден, кој предупреди дека резултатот од гласањето може да го определи правецот по кој ќе се движат САД во однос на пандемијата, репродуктивните права и климатските промени.

На митинг пред стотици поддржувачи во Лонг Бич, јужно од Лос Анѓелес, Бајден предупреди дека се можни катастрофални последици во случај Њусам да биде отповикан на гласањето.

Противкандидатот, републиканецот Лари Елдер, за Бајден е „клон на Доналд Трамп".



Автор: Администратор
Објавено на: 15/09/2021 03:06