Клубот на истражувачите на Народната банка денеска преку видеоконференциска врска ќе ја одржи 40. сесија на која ќе бидат презентирани трудовите: „Продуктивност и излез на фирмите за време на ковид-19: Анализа од повеќе земји“, од Силвија Муци, Филип Јолевски, Кохеи Уеда и Доменико Виганола и „Анализа на онлајн работните места и побарувачката на занимања и вештини во Република Македонија“, од Александар Костадинов.

По презентирањето на трудовите e предвидена дискусија.

Клубот на истражувачите на Народната банка е отворена платформа за презентација и дискусија на научноистражувачки трудови, особено во доменот на монетарната политика и макроекономијата. Трудовите коишто се презентираат на сесиите на Клубот, треба да бидат изработени согласно со трендовите и стандардите на современите истражувања, што подразбира емпириска анализа, како и систематизирани заклучоци од истражувањето.

На сесиите на Клубот како платформа за дискусија и размена на стручни мислења, може да се презентираат резултати и сознанија и од истражување/труд во работна верзија.

Зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/09/2021 15:50