Секој ден нови земјоделски организации се приклучуваат кон револтот предизвикан од игнорантскиот однос на власта. Овој пат оризопроизводителите бараат производната цена на оризовата арпа да биде од 25 денари па нагоре како и итна средба со министерот за земјоделие и премиерот Заев.

-Ние сме принудени да ги оставме нивите доколку цената на оризовата арпа не достигне 25 ден. Николовски пред да дојде на власт ветуваше 25 денари за арпа. Ние не сме производители на бел ориз, туку на оризова арпа. Ако не ни излезат во пресрет и не го слушнат гласот на народот ние во вторник, доколку не оствариме средба со министерот, ќе го блокираме патот во двата правци и нема да се тргнеме се додека нашите барања не бидат исполнети до кра, вели Здравко Арсов од Иницијативниот одбор за спас на оризопроизводството, за Алфа.

Бараат власта да покаже одговорност и да изнајде решение за неоткупените количини, како и пласман за новата реколта..

-Цената е катастрофално ниска, што не ги поклопува ниту производствените трошоци. Големо разочарување. Земјоделците се демотивирани и бараме одговорност од државата. Доколку одговорно не настапат мислам дека масовно ќе се зголеми иселувањето, површините ќе останат пусти. Едноставно ќе имаме земја без народ, изјави Стојче Ташовски од Иницијативниот одбор за спас на оризопроизводителите.

Жетвата треба да започне за околу 2 недели



Автор: Администратор
Објавено на: 18/09/2021 03:45