Весковски и Шилегов договориле и направиле, па отпосле распишале тендер за да ја исплатат фирмата која реконструирала водоводна мрежа на улица „Варшавска“.

Весковски направил кривично дело според член 353 од Кривичен законик, според демант кој во текот на вчерашниот ден го пушти ЈП Водовод и канализација јасно се гледа дека Душко Весковски јавната набавка за реконструкција на водоводната мрежа на ул. „Варшавска“ ја направил на први октомври 2020, односно два месеци откако таму фирмата која ја избрал на тендер веќе ги завршила градежните активности.

Градежните работи на ул. „Варшавска“ се започнаа на 14-ти јули и завршиле на 20-ти август 2020. Фирмата изведувач чекала два месеци за Весковски да распише тендер и да ја избере за да може да се наплати.

ВМРО-ДПМНЕ поседува цврсти докази за целата криминална постапка од над 18 милиони денари на Весковски и Шилегов и истите ќе ги објави на денешната прес конференција, тоа се детали од кои се потврдува дека фирмата КБК Инженеринг градела пред набавката.

Весковски и Шилегов се фатени до гуша во криминал. Скоро секоја една работа е сомнителна и криминална.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2021 11:38