И покрај тоа што досега уделот на електрични возила во Виена изнесува само еден процент, во австриската престолнина покренат е пилот проект кој согласно со сите регистрирани такси возила до 2025-та година, тие автомобили ќе бидат на електричен погон. Пилот проектот предвидува воведување флексибилни станици за полнењето на тие електрични автомобили, со што ќе се олесни преминот на електрична технологија, пренесува Виена Онлајн.

За две години, според планот, ќе бидат поставени осум такси стојалишта и 56 возила во Виена ќе бидат дополнително опремени со технологија „Matrix Charging“ од младата компанија „Easelink GmbH“ од Грац, со полесно полнење на возилата директно на штандот наместо на станицата за полнење.

Возилата се опремени со специјални додатоци на долниот дел од каросеријата. Со притискање на копче на таблата со инструменти во автомобилот, се поврзува со таблата за полнење на такси стојалиштето, пренесува Фена.

„Ова е меѓународен пионерски проект кој обезбедува можност за трајна промена во градскиот сообраќај. Префрлајќи се на електрични такси возила, и градот и жителите имаат корист. На овој начин, истовремено ги намалуваме штетните емисии и го подобруваме квалитетот на воздухот во градот“ , објаснува Петер Ханке, член на градската и провинциската влада, од одделот за финансии и економија.

Проектот е создаден во тесна соработка помеѓу Стопанските комори на Виена и Штаерска и енергетските компании „Виен енерџи” и „Енерџи Грац”. Wien Energie е задолжен за снабдување и испорака на зелена електрична енергија за новиот систем за полнење, а Австрискиот авто-мото и туринг клуб (ÖAMTC) и Хјундаи, исто така учествуваат во проектот.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2021 16:25