Поранешниот грузиски претседател и актуелен шеф на Извршниот комитет за реформи на Украина Михаил Саакашвили смета дека гасоводот „Северен тек 2“ може долгорочно да биде во корист на Украина.

Во интервју за полскиот портал Енергетика24, тој рече дека на краток рок гасоводот може да биде опасен, но на долг рок „може да биде од корист за Украина“, бидејќи Украинците ќе почнат да вадат сопствен гас и ќе научат да го штедат.

Од самиот почеток на изградбата на гасоводот со капацитет од 55 милијарди кубни метри гас годишно, Украина објави дека претставува закана за нејзините интереси како транзитна земја и побара да се прекине работата на него. И покрај уверувањата дека изградбата на гасоводот има чисто економски причини, САД воведоа санкции за компаниите што без вклучени во негова изградба, а градежните активности беа прекинати во декември 2019 година. Во декември 2020 година, изградбата беше обновена, а во јули 2021 година САД и Германија постигнаа договор во кој Вашингтон призна дека санкциите не го спречиле проектот. Берлин, од своја страна, е посветен на работата за продолжување на транзитот на руски гас преку Украина.

Изградбата на Северен тек-2 беше заврши на 10 септември годинава. Според Гаспром, до крајот на годината преку гасоводот би можеле да се испорачаат 5,6 милијарди кубни метри гас.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/09/2021 23:42