Во Судан денеска имало обид за државен удар за кој сè уште има многу неодговорени прашања, меѓу кои и кој стoi зад обидот за пуч.

Ситуацијата во сега е Судан под контрола и оние што биле вмешани во обидот за државен удар се уапсени, а истрагата е во тек, јави суданската новинска агенција преку Твитер, повикувајќи се на овластен извор во Советот на министри.

Член на владејачкиот совет на земјата изјавил дека суданските власти спречиле неуспешен обид за државен удар.

Судан е на кревок пат кон демократска власт откако армијата го собори долгогодишниот претседател Омар ал Башир во април 2019 година, по четиримесечни масовни протести.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/09/2021 13:54